“Институтот за историја” при Филозофскиот факултет во Скопје излезе со жестока реакција за предлог концептот за кратење на предметот историја на министерката Мила Царовска и негово вклопување во друг предмет заедно со општествени науки.
За Институтот концептот на Царовска е целосно погрешен, скандалозен, нетранспарентен, дилетантски, а тие што го спроведуваат се некомпетентни и не ја познаваат материјата што сакаат да ја реформираат. Институтот предупредува дека секој обид за спроведување на концептот во актуелен миг наликува на активности на квислинзи и домашни соработници на странски сили кои не работат во интерес на својот народ и држава.
Во продолжение целата реакција на Институтот за историја
Како матица на историското образование и наука во македонската држава од нејзиното основање до денес, чии кадри претставуваат потпора и темел на сите нивоа и сегменти на македонското образование, исполнувајќи ја својата
општествена должност и совест, Институтот за историја соопштува:
1. Таканаречениот „Концепт“ што го нуди МОН е донесен на целосно нетранспарентен начин, без консултација ниту соИнститутот или други високошколски установи, ниту со научната и професионалната јавност. Институтот цени дека е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од
струката, од која утреден ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи.
2. Идејните творци на концептот не само што немаат компетенции да го реформираат начинот на кој една научна дисциплина се доближува до учениците, туку покажуваат и елементарно непознавање на материјата која мислат дека ја реформираат. Вакви дилетантски потези, како и сите досегашни, се однапред осудени на пропаст.
3. Т.н. „Концепт“ предвидува интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и неосновано оспорени
однадвор. Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци. Со оглед на искажаново, Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје решително го отфрла понудениот концепт и бара од надлежното министерство и Владата да го повлечат и да ги прекинат сите активности во
врска со предметот Историја.
Comments are closed for this post.