Денеска за настаните од 27 април сведочеше и Никола Тодоров, кој истакна дека обавувал повеќе партиски функции и оти во тој период бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но и пратеник и министер за здравство.
За тој ден истакна дека ништо не навестувало дека тоа ќе се случи, туку дека денот во Собранието ќе заврши во 18 часот.
-Но, по 18 часот ДУИ и СДСМ на нестандарден начин избраа претседател на Собранието. Нашата пратеничка група ја пееше химната и со ништо не го попречи изборот на претсдател на Собранието. Никој од нас немаше информација дека тоа ќе се случи. Таква информација немаа ни пратениците од СДСМ, туку дека седницата ќе заврши во 18 часот, објасни Тодоров.
Тој е убеден дека инцидентите не му одговараа на ВМРО-ДПММЕ и дека партијата ќе имаше бенефит од таквиот начин на избор на Џафери.
-Од овој настан физички жртви имаше СДСМ, а ВМРО- ДПМНЕ имаше политички жртви и изгуби од 70.000 до 100.000 гласови, рече Тодоров.
Поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на настаните и додаде дека партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите.
Критичниот ден, како што рече, била во својата канцеларија во партиското седиште и притоа не се случувало ништо невообичаено.
– Дваесет и седми април остави траги кај сите нас. Јас во 17 часот си заминав од партијата, отидов дома и на телевизија видов што се случува во Собранието, додаде Јанкулоска.
На денешното судско рочиште се повикани 17 сведоци.
Comments are closed for this post.