По сведочењето на Александар Радуловиќ, рочиштето на „Рекет“ продолжи со изведување на материјални докази од страна на одбраната на Бојан Јовановски.
При тоа, адовокатот Дукоски посочи на изјава на Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг во која е наведена сумата, целта и намената на дадените парични средства од нивна страна нотарски заведена изјава, потоа нотарски заведена изјава од фудбалерот Стевица Ристиќ од август 2017 година во висина од 125.000 што му ги дал на Боки.
Во продолжение, како матријални докази одбраната поднесе договори за купопродажба на недвижен имот што го продавала бабата на Бојан, Евгенија Лазаревска.Станува збор за недвижен имот и деловен простор во центарот на Скопје но нивната вредност не беше соопштена.
Одбраната го поднсе и купопродажниот договор за наследството од бабата Евгенија а меѓу доказите се најде и решение за денационализација на име на дедото на Бојан, Љубомир Лазаревски во износ од околу 300.000 евра.
Меѓу доказите се најде и отпусно писмо од болницата Аџибадем систина, со датум на прием на Јовановски за оперативен зафат од 12. 01 и испис од 18.01 2019 година
За следното рочиште судот даде начална согласност за прикажување материјални докази со кои одбраната на Боки 13 има намера да докаже дека ако не се , тогаш во најголем дел од содржината на 71 та црна вреќа во кои била зпакувана одземената гардероба , била купена многу порано о наведениот период во обвинението .
Обвинението го товари за перење пари во периодот од ноевмри 2018 -та до април 2019 -та година, кога ги пуштил паричните средства стекнати на криминален начин во оптек. Во доказниот материјал е навестено дека ќе има фотографии од 2013 до 2019 година и тоа само на релевантни парчиња гардероба.
Comments are closed for this post.