На Охриѓанец кој им се заканувал на обвинетите пратеници Сашо Василевски и Љубен Арнаудов полицијата му го  одзела мобилниот телефон заради вештачење . Двајцата пратеници кои неодамна беа пуште од куќен притвор, се под 24-часовна заштита на МВР откако како пратеници од опозицијата во петокот гласаа за отворање на Уставот.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по загрозување на сигурност, информираат од МВР.

По насоки на Основното јавно обвинителство Охрид, во понеделникот М.К. е повикан во полициска станица, каде појаснил дека објавата ја направил од својот мобилен телефон, кој е одземен за понатамошно вештачење.

МВР упати повик секој кој добива закани на Фејсбук да пријави во најблиската полициска станица.