Неискористените вакцини против Ковид -19 кои беа донација од Република Бугарија, поради истекот на рокот ќе бидат уништени како медицински отпад, потврдија од Министерството за здравство.
-Тринаесет илјади дози вакцини против Ковид 19, кои нашата земја ги доби како донација од Република Бугарија, денеска се повлечени од употреба поради истекот на рокот. Согласно законските процедури, вакцините ќе бидат уништени, како медицински отпад, наведуваат од МЗ за МИА.
Донацијата од 51.480 дози од вакцината „Фајзер“ од Република Бугарија во земјава пристигна на 16 септември, со рок на употреба кој истекува на 30 септември
Comments are closed for this post.