Жителите на кичевското населено место Другово утре изутрина ќе излезат на протест.
Тие протестот го најавија за во 10:30 часот со блокада на регионалниот пат за Охрид.
Тие имено ќе излезат на протест поради ветената канализација, но не ја добиле од страна на власта предводена од СДСМ.
„Или канализација или Охрид преку Прилеп“, стои во нивната парола.
Негрижата на локалните власти и покрај обезбедените финансиски средства го оставија Другово со недовршена канализација која тече по улиците и дворовите на луѓето.
Фекалиите кои течат без никаква контрола претставуваат извор на зараза и болести пред се за најмладите.
Comments are closed for this post.