Не може ниту една закана, уцена или прогон да ја покрие срамната епидемија од непотизам на власта. Заразено е целото СДСМ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Според него, на јавноста сега и е јасно зошто постои ваква нервоза кај СДСМ и Зоран Заев и зошто по секоја цена сакаат да се дефокусира темата за епидемијата од непотизам. Тој обелодени две нови имиња на пратенички од СДСМ, чии блиски роднини се едни од многуте, како што рече, „заразени“ со епидемијата за непотизам.
Прво, пратеничката Фросина Ременски веројатно лажно ќе морализира, но мора да и признае на јавноста и ја прашуваме еве јавно: Дали Зоран Ременски, со кого е во кумовски и во роднински врски, е вработен во ЕЛЕМ? Кои се критериумите, доколку е тоа така, според кои лицето Зоран Ременски, кум и внук на Фросина и на Јовче Ременски, се вработил во оваа државна фирма, праша Арсовски.
Тој го обелодени и вработувањето, што го добил и братот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Митева Шуманска, Никола Шумански, кој бил вработен како царински службеник во Штип на 1 февруари годинава.
Ова е доказ дека во СДСМ не владее морал. Единствено морално е да си ги вработат пратениците и функционерите своите роднини. Тие се оперирале од морал во моментот кога ги вработувале блиските роднини на нивните функционери, рече Арсовски.
Comments are closed for this post.