Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет.
Според него, анкетна комисија може да се формира откако ќе заврши работата на истражните и судските органи.
Анкетната комисија не може да разгледа прашања коишто се во надлежност на истражните и судските органи. Вообичаено и претходните анкетни комисии како што беа за гостиварските настани и за Сопот се формирани постфестум. Според Деловникот, Собранието нема судски и истражни надлежности. Истрагата трае и кога ќе има заклучок од надлежните институции, тогаш може да се вклучи Собранието преку Анкетна комисија за да ги потврди или да ги отфрли наодите на овие органи – изјави Џафери по средба со медиумите.
По пожарот во модуларната болница во Тетово, опозицијата поднесе барање до Собранието за формирање на Анкетна комисија, но тоа беше вратено со образложение дека е неуредно бидејќи не било испратено со уставното име на државата.
Comments are closed for this post.