Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, не поднел барање за амнестија, невиноста сакал да ја докаже пред судот.
На полноќ истече рокот за доставување на барањата од лицата вмешани во собраниските настани од 27 април минатата година . Во скопскиот кривичен суд пристигнале вкупно 64 барања. Помеѓу барањата за амнестија од обвинетите за настаните во Собранието пристигнало и барање од адвокатот Еленко Миланов, кој е бранител на неколку обвинети во случајот.
Од Кривичниот суд не соопштуваат имиња, но во јавноста се познати најголемиот број на оние кои не сакаат амнестија. Јане Ченто испратил писмена изјава дека нема да бара амнестија, истото во судница пред неколку рочишта го кажа и Игор Југ, а пејачот Игор Дурловски вчера на Фејсбук објави дека и тој нема да поднесе барање. Листата од оние кои не побарале амнестија ја дополнува и Душко Лазаров од МВР чија одбрана вчера за дел од медиумите потврди дека и тој нема да бара амнестија.
Comments are closed for this post.