Франција, Германија и Холандија според париски “Ле Монд” го блокирале проширувањето на ЕУ кон Балканот, односно отворањето пристапни преговори со Македонија и Албанија. Францускиот весник тврди дека Берлин, Париз го блокирале проширувањето. Преговорите како што се наведува во текстот би имало големо симболично значење за нив.

Северна Македонија и Албанија, признати кандидати за влез во Европската унија, уште ќе чекаат, дури и ако вратата што се надеваа да се отвори оваа пролет требаше само да доведе до првите преговори. Франција, Германија и Холандија, во вторникот, 18 јуни, во Луксембург не го одобрија принципот за отпочнување на пристапни преговори, што би имало големо симболично значење за нив. Ова бара едногласност од дваесет и осумте земји членки на ЕУ. Бундестагот, всушност, сé уште не го одобри отворањето на преговорите, овозможувајќи им на колебливите земји-членки да се засолнат зад тоа. Холандскиот парламент ја отфрли идејата за каква било одлука за Албанија во 2019 година. Што се однесува пак до Франција, нејзината линија е: „Нема проширување без претходно зголемување на интеграцијата на Унијата. И без испитување во однос на нејзиниот „капацитет за апсорпција” и за стратегијата во однос на балканските земји: како да ги „поврзе” во Европа без притоа да им се ветува членство?, пишува „Ле Монд”.

Вчера пак екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на Твитер напиша дека седум земји биле против отпочнување напреговори. Франција, Германија, Холандија, Данска, Белгија, Шпанија и Луксембург.

 

Запрашан за ова премирот Заев одговори дека не е запознаен и дека очекува датум за преговори во Октомври.