Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се започне нешто ново, посебно кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски во Охрид.
Заедно со градоначалникот, заедно со Општината, со надлежните во Владата, заедно со пратениците од овој регион, заедно со охриѓани го започнуваме овој проект којшто многу значи.
Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од почетокот на оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, самиот кажа дел од проектите кои се веќе во процес. Инаку вредноста на овој проект е некаде околу 30 милиони денари, плус булеварот кој подоцна ќе го посетиме над 40 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште итн. Заедно со училиштето кое што се работи, еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година. Подготвени се од општината проекти за следната година, така што тоа што со децении не било работено овде во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега. И навистина сум горд што можам како претседател на Владата да бидам дел од сите овие почетоци, а се надевам дека наскоро од сега ќе бидам дел и од завршувањето и пуштањето во употреба, бидејќи на крајот од денот тоа е и важно.
Не ни останува ништо друго освен тоа што го ветивме пред граѓаните тоа и да го исполнуваме. Ќе продолжиме и понатаму. Поминаа три недели од како е избрана новата Влада, работиме навистина многу, даваме сè од себе, состојбата којашто ја наследивме да не биде како изговор е алармантна, е многу лоша. Но, не треба да се жалиме, тоа е што е, проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и проблемите треба да се решаваат.
Подготвени сме, мотивиран е целиот владин тим, така што продолжуваме и понатаму да ги решаваме проблемите и да работиме на нови проекти, како што е овој овде во Охрид. Му благодарам на градоначалникот што посветено работи, благодарам на општинската администрација, благодарам и до советниците, многу ни значи поддршката. Наше е да продолжиме да испорачуваме заедно со нив“.
Comments are closed for this post.