Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај демантира дека со неговите колеги од Македонија, Црна Гора и Хрватска заговараат формирање на пакт против Србија. Тој тврди дека во интервјуто дадено за „Вечерњи лист“ е погрешно пренесен и изваден од контекст.
Насловот и она што всушност го говорев се две потполно различни работи. Никогаш не сум рекол ништо за создавање на регионален пакт против Србија-изјави Хоџај за црногорскиот портал Антена М.
Денеска и македонскиот премиер Зоран Заев демантираше дека се разговарало за таква иницијатива.
Сакам да се оградам од било какви разговори, не постоеле, ниту пак некој ги номинарал и само апелирам и до Косово и до Србија да градат пријателство низ дијалог, изјави Заев.
Comments are closed for this post.