Дали мислите дека Преспанскиот договор може да биде модел за регионот и колку е тој применлив?
-Во многу кругови во регионот се зборува за моделот на Преспанскиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција и кога сето тоа ќе се реши јас мислам дека тоа ќе биде доказ за можноста да се решат и други ситуации. Секако сите ситуации се специфични на свој начин. Мислам дека тоа кај вас беше храброст за многумина, бидејќи вие отидовте на тоа помирување и враќање на довербата едни кон другите.
За Македонија е битно и тоа што меѓуетничките односи се добри.Тоа е добро и ние ги цениме напорите на актуелниот македонски премиер господинот Заев, затоа што на свој начин придонесе кон тоа помирување.
Може ли Преспанскиот договор да се искористи како некаква палтформа во релациите меѓу Белград и Приштина?
-Ние имаме цел да постигнеме сеопфатен договор, бидејќи меѓу Белград и Приштина има долга листа на работи за кои мораме да се договориме: од воена отштета, сукцесијата, трговијата и политиката, правата на српската заедница која живее на Косово, верските и сите останати права. Се надевам дека и ние ќе успееме да преземеме некои добри одредби од Преспанскиот договор. Не би смеел, сепак, да кажам дека тоа е модел, бидејќи релациите меѓу Косово и Србија се поинакви. Односите меѓу нас и Србија се битни, ние сме заинтересирани да се договориме и да постигнеме конечен мир за народите на двете земји, како и со соседите, бидејќи мирот и помирувањето го помагаат економскиот развој .
Колку сте оптимист дека тоа може да биде толку брзо?
-Доколку Македонија ја заврши агендата што ја има пред себе со ратификацијата и со имплементацијата на Договорот со Грција, тогаш еден дел од нашиот регион ќе биде во НАТО и Европа. И тоа е битно, бидејќи и тоа за нас истовремено е порака. Тогаш и ние ќе мораме во тој правец, но морам да признаам дека не е лесно, бидејќи односите меѓу Србија и Косово се длабоко отежнати од времето на војната во 1998 и 1999 година, но ние мораме да одиме кон помирување и да живееме.
Comments are closed for this post.