Мустафа Хајрулахи денес поднесе кривични пријави против своите колеги. Имено, Хајрулахи беше шеф на Вишото скопско обвинителство.
– Ве информирам дека денеска поднесов кривична пријава против Љупчо Коцевски, јавен обвинител на Република Македонија, Татјана Кацарова, јавен обвинител во ОЈО Штип, Ристо Бојаџиски, Виш ЈО на ВЈО Штип и Ермон Незири, член во Совет на јавни обвинители за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 од Кривичниот законик – информираше Мустафа Хајрулахи.
Comments are closed for this post.