Министерството за внатрешни работи соопшти дека по направените соодветни проверки, утврдило дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија.
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското Министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.