Браво Вардар! Честито шампиони!
Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите враборени во клубот!
Честитки за огнената публика која ги бодреше!
Одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава.
Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот а сега мораат да честитаат.
Вардар уште еднаш покажа како со многу работа, труд, посветеност, самодоверба, професионален и одговорен пристап, но и со „жар и срце“ може да се успее и да се биде најдобар!
Нека продолжат успесите!- напиша поранешниот премиер Никола Груевски на својот фејсбук профил по победата на македонскиот ракометен гигант Вардар.
Comments are closed for this post.