Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и азилант во Унгарија Никола Груевски смета дека следен претседател на државата ќе биде Талат Џафери. Барем неколку дена. Ваквото тврдење тој го темели на фактот дека вториот круг на изборите ќе се одржи на 5 Мај, а мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов завршува на 12 Мај. Во интервју за Инфомакс Груевски истакна дека е песимист дека сите формалности околу исходот ДИК ќе ги заврши за седум дена и затоа ќе мора Талат Џафери да биде в.д. шеф на државата барем неколку дена.
Тоа можеби е намерно направено. Можеби е договор на СДСМ и ДУИ. Од 5 до 12 не верувам дека ќе бидат завршени сите жалби до ДИК, па Џафери неколку дена ќе биде претседател ќе потпише се што треба да испотпише и после нека дојде кој треба да дојде, вели Груевски.
Comments are closed for this post.