Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија на својот фејсбук профил напиша дека денеска одекнала најсилната бомба, односно дека претходната власт е рушена со монтирани снимки.
Полека, но сигурно вистината исловува“, пишува Груевски.
Тој пишува дека во 2015 година кога се појавија бомбите беше објавено дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции, но според Груевски многумина се мајтапеле со фразата “сечени, лепени, прелепувани и монтирани”.
Можеби од маркетиншки аспект тие изрази не биле најдобро избрани, но беа вистината. Мислам, дека и голем дел од неутралните, а дел и од нашите подржувачи, или кратко кажано дел од јавноста, со сомнеж гледаа на тие наши соопштенија и изјави. Денес тие кои ги подготвуваа и лансираа истите, јавно, во медиуми, дел од нив и во суд го потврдуваат тоа.“, пишува тој.
Груевски додава дека сведокот на СЈО, Ѕвонко Костовски во судот кажа дека ги “копирал” на цд и ги испорачувал понатаму.
Кој нормален судија во светот особено за вакви случаи би си дозволил таков пропуст, освен уценет, заплашен или притиснат судија од режимот на власта? Кога ние самите како неправедно обвинети ангажиравме лиценциран вештак за ваков вид проблематика и го доставивме до судијаката Кацарска, таа одби да го прифати како доказ, како што одби таа самата по нејзин избор да ангажира таков вештак, кого сака. Нели тоа беше чудно?
Потоа, веројатно по некоја грешка или момент на слаба концетрација од секојдневно преслушување аудио матерјали, на оној Ел Чека кој не крие дека неизмерно ме мрази, му излета една снимка од разговор кој траеше околу 12 минути, а поврзана со случајот Мартин Нешковски и од кој за разлика од кратениот и монтиран разговор кој го пушташе Заев, јасно се разбира дека воопшто не сме сакале да прикриваме убиство. Напротив, обратно е. Но и тоа, за многу луѓе не беше доволно. Следуваше изјавата на Заев, кој правдајќи го претходното од Ел Чека, јавно си призна дека разговорите кои ги добил биле долги, па тој морал да ги крати. И така, при кратењето, на пример во онаа за Мартин Нешковски, наместо народот да разбере дека сме правеле се што било во наша моќ и не сме се согласувале со прикривање, тој народ слушајќи ја “вешто скратената”верзија на Заев се собра пред владата со желба да не линчува, па притоа 40 полицајци завршија во болница, а ниту еден од оние кои ги нападнаа.
И сега конечно, помалку неочекувано, за многумина “неверници и оние кои свесно одбиваат да веруваат” дојде сведочењето на Зоран Верушевски, во кое тој самиот кажува дека аудио снимките биле сериозно сменети, или како што кажа “модифицирани и компромитирани” од оние кои тој му ги предал на Заев.
По сводочењето на Верушевски тој вели дека вистинското прашање е како сега ќе се однесуваат судиите. Според него денешното сведочење на Верушевски целосно ги компромитира и анулира претходните два сведока во тој случај на СЈО, сега ОЈО.
Оваа денешна изјава во судот на Верушевски околу “квалитетот” на доказите и сведоците е отрезнувачка за сите кои заборавиле дека вистината не може да се скрие. Како што одат работите, ќе излезе дека Заев бил искрен кога ми кажуваше, што јавноста имаше можност да го види, дека снимките му ги дале некои странски служби со чии преставници лично се среќавал.
На потег е сега судството да се дистанцира од сите манипулации на разузнавачки служби и политичките манипуланти и да ги врати предметите таму каде им е местото- на буништето на историјата каде веќе се најде Катица Јанева и нејзината екипа која тајно се честела секој месец со илјадници евра народни пари додека се изживуваше со нас и додека аздисани, вознесени и забегани се препукуваа и натпреваруваа кој од нив ќе се кандидирал за претседател на Република Македонија во иднина“, стои во статусот на Груевски.
Comments are closed for this post.