Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто за парискиот весник „Ле Монд“ ги изнесе причините за азилот на Никола Груевски.
Запрашан зошто неговата земја му дала азил на поранешниот македонски премиер Сијарто вели дека во Унгарија барањата за азил се разгледуваат од независни власти, и оти тој не може да ја коментира содржината на досието.
Овие власти одлучија да му дозволат на Груевски да го поднесе барањето во седиштето во Будимпешта поради безбедносни причини, бидејќи тој беше премиер во текот на десет години. Јас го сметам тоа за нормално, вели унгарскиот министер за надворешни работи.
Во врска со тоа зошто унгарските служби го пренеле Груевски до Будимпешта во дипломатски автомобил, Сијарто појаснува дека тој се претставил во амбасадата во Тирана и оти го транспортирале поради безбедносни причини.
Во другиот дел на интервјуто Сијарто смета дека процедурата за санкции која е покрената против Унгарија, претставува реванш против земјата, бидејќи таа се спротиставила на политиката во областа на миграцијата.
Обвинувањата кои се изнесени кон Унгарија, за шефот на унгарската дипломатија се неосновани.
Comments are closed for this post.