Четири нешта кои ако некој ги има тој е вистински лицемер. Тој кој што има едно од нив, тој има карактеристики на лицемер се додека не го напушти тоа: кога му се доверува (му се остава во аманет) нешто и тој го изневерува тоа; кога зборува лаже; кога ветува и го крши ветувањето, кога е во непријателство и се покажува неправеден (Mutafa’ul-alaihi), пишува на својот фејсбук профил пратеникот на ДУИ, Артан Груби, оговараќи му индиректно на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири.
Оној кој има навика да моли, мисли дека сите молат.
Оној кој лаже, мисли дека сите лежат.
Оној кој губи има право да се лути.

100.000 одлучувачки гласови за цензус, за победа, за НАТО и за јазична еднаквост, пишува Груби.

Претходно Зеќири во емисијата Топ Тема на „Телма“ ијзави дека во ДУИ биле свесни дека слабо стојат меѓу граѓаните и за да не се види тоа не излегле со сопствен кандидат во првиот круг.

Не сакам да зборувам, но ДУИ не молеше да одиме со заеднички кандидат, рече Зеќири.

Според Зеќири, СДСМ секојдневно губи поддршка поради коалицијата со ДУИ, која пак претходно била дел од „режимот”.