ДУИ целосно го поддржува владеењето на правото без партиски, политички, етнички и какви било други влијанија. На синоќешната седница во определеното време сите пратеници на ДУИ беа присутни на седницата од претседателот Ахмети до болниот пратеник Агим Шаќири за да гласаме за одземање на имунитетот., истакна денеска Артан Груби од ДУИ

 За жал, на седницата пратениците не можеа да се воздржат од дофрлувања и навреди кон претседателот на Собранието во моментот на гласање. Ништо од тоа што се случи, немаше да се случи, доколку претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја ставеше одлуката на гласање во 23 часот како што бевме претходно договорени, доколку тој не се договореше со ВМРО-ДПМНЕ, исклучувајќи ја ДУИ и да ја стави во заеднички договор со нив одлуката за гласање во 21 часот, без да не информира и без да не почека, истакна Груби.