Гром предизвика пожар во складиштето на познатиот производител на бурбон во Кентаки. Во пожарот производителот Џим Бим загубил 45.000 буриња со младо виски, односно ставено во бурињата на зреење.
Од компанијата велат дека на пазарот нема да се почувствува каков било проблем. Меѓутоа, локалните власти јавуваат за можни последици по околината затоа што се мета дека е можно по локалните потоци количества од вискито да влегле во реката Кентаки.
Инаку, во пожарот изгореле 45.000 буриња во кои вкупно имало околу 10 илјади тони бурбон. Тоа количесто е занемарливо ако се земе предвид дека во складиштата на Џим Бим на резерви има околу 3 милиони литри од овој светски баран алкохолен производ.
Comments are closed for this post.