На автопатот Миравци – Демир Капија синоќа возило „БМВ” со грчки регистарски ознаки удрило во товарното возило кое растурало сол.
Вчера околу 20 часот на автопат Миравци – Д.Капија, после тунел Т2, на местото викано „Јаворица“, се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „БМВ Х3“ со грчка национална ознака управуван од С.Г. (45) од Атина удрил во заштитната еластична ограда, а потоа во товарното возило марка „МАН“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од А.Т. (39) од Демир Капија, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Во незгодата се повредени две деца на пет и тригодишна возраст, сопатници во патничкиот автомобилот, кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци кои по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот.
Comments are closed for this post.