Според меѓународното истражување „На крајот од годината“ на светската асоцијација „Галуп интрнешнл“ спроведено во 58 држави, граѓаните во светот одлучно ги претпочитаат националните интереси (70%) пред меѓународната соработка и глобализацијата (21%). Во Европската унијам двјца од тројца гласачи и вртат грб на глобализацијата, а нејзина поддршка поголема од 30% има само во Финска и Германија, пренесуваат агенциите.

Темата со санкциите како меѓународен инструмент одново станува актуелна, по неодамнешно притворање на директорот на Хуавеј и санкциите, што САД ги воведе против Иран. Истражувањето меѓу 45.935 полонолетни граѓани на 57 држави покажува дека светот не ги гледа санкциите како ефикасен инструмент зо постигнување на промени во политиката. Речиси секој втор испитаник (47%) смета дека санкциите не предизвикуваат промени,а еден од тројца (33%) тврди дека санкциите даваат резултати.

Европските граѓани се најкритични во однос на санкциите (52% тврдат дека се неефикасни и не предизвикуваат промени), а Австрија, Франција и Германија се водечки во тој поглед, зашто околу две третини од анкетираните во овие држави  не се убедени дека санкционирањето на држави како Кина и Русија носи позитивни резултати.

Во рамките на светските тенденции, во првите десет држави според националното/националистичкото расположение влегуваат Етиопија, Албанија, Саудиска Арабија, Србија, Нигерија, Индонезија, Република Кореја, Етиопија и Бугарија. Мнозинство од дури 81 отсто од бугарските полнолетни граѓани сметаат дека националните интереси на државата се на прво место. Одвај 9 проценти од анкетираните сметаат дека глобализацијата е поважна, а останатите немаат никакво мислење.

Мнозинството граѓани во светот истовремено се откажуваат од глобализацијата и ја отфрлаат политиката на наметнување санкции. Светот се одалечува од униполарниот систем во меѓународните односи во кој имаше „еден полицаец во градот“. Изгледа дека по неколку децении „Ние, светот“ доминантното расположение се повеќе се одредува од „Јас, светот“. Историјата ни говори дека таков пристап често носи големи катаклизми, вели претседателот на светската асоцијација „Галуп интрнешнл“, К,нчо Стојчев.