На Мицкоски и Јанко бачев, заеднички им се деструкциите, блокадите, начинот на делување против НАТО и ЕУ.Мицкоски и поранешниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев беа од истиот тим на Никола Груевски, осудениот криминалец кој 11 години ја држеше земјата во изолација, темнина, криминал и неизвесност, реагираат од СДСМ.

Мицкоски и Бачев се дел од иста антизападна матрица и затоа немаат поддршка од граѓаните.

На Мицкоски и на Бачев треба да им биде јасно дека нема да го блокираат напредокот на Македонија, нема да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО.

Граѓаните на Македонија го поразија режимот на Груевски и зачекорија кон светла иднина во најмоќните светски сојузи, ЕУ и НАТО и враќање назад нема