Граѓаните ќе можат на бесплатна телефонска линија да пријават недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица. МВР почнува со проектот за бесплатна телефонска линија и тоа неспоредно пред новогодишните празници.

Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број, истакна Спасовски.

Тој најави поригорозни контроли за празниците во насока на почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ги почитуваат мерките, но за жал имаме и себични граѓани. Затоа активно работиме на терен и зголемен е интензитетот во контролата на мерките и тоа дава резултати. Сега се денови на празници кога граѓаните се навикнати на собирање и дружби и се работи на детектирање на оние кои не ги почитуваат мерките. Секојдневно имаме случаи кога се растураат забави кои и одредени групи ги права и тоа не го правиме само по дојави, туку врз основа на планови и активности, рече Спасовски.