Најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори е во Кичево. За прв пат по територијаната поделба во 2004 година Македонец застанува на чело на градот кој беше воден од албански кандидати. Д-р Александар Јовановски успеа да ги обедини Македонците и Албанците.

И оние кои се приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ и оние кои не се. Овојпат Македонците се обединија зад него што беше доволно за победа. Сенка на оваа победа стави причната поддршка на градоначалникот на Тетово Билал Касами за Фатмир Дехари од ДУИ, но тој потоа ретерираше од изјавата. Коалицискиот партнер Вреди одигра сосема корекно и остави на кичевчани самите да одлучат кому ќе го дадат гласот.

Не помогнаа ни чартерите организирани од ДУИ со Албанци од дијаспората кои ги преплавија аеродромите во Скопје и Охрид.