Четвртоодделенците од ПОУ „Кузман Јосифовски на часот по општество, денеска ги посети градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој на учениците им објасни како практично функционира една локална самоуправа и кои се нејзините надлежности.
Основците беа заинтересирани и добија одговори за тоа како се бира градоначалник, кои се органите на Општината, како функционира Советот на локалната самоуправа и слични други прашања за кои учат по овој наставен предмет.
![]()
Покрај учениците од ПОУ „Кузман Јосифовски Питу”, средба со градоначалникот денеска имаа и основците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ”. Тие со своите наставници дојдоа во дворот на Општина Кисела Вода, каде имаа можност да прашаат она што ги интересира.
![]()
Градоначалникот воедно со нив сподели детали од своето детство, но и побара да му кажат како најмлади жители на Општина Кисела Вода, што им е потребно во близина на нивниот дом и училиште. Од него добија ветување дека нивните интереси и потреби секогаш ќе бидат во неговите приоритети на работење.






Comments are closed for this post.