На анкетите кои што ги правиме на сериозен репрезентативен примерок, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ водат два спрема еден во однос на градоначалниците на Социјалдемократскиот сојуз, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат.
Тој посочи дека тоа е така затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ прават промени и работат за народот и нивните граѓани.\
„Правиме анкети за тоа како работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи после пет месеци отприлика, граѓаните имаат стекнато прв впечаток за работењето на градоначалниците на ВМРО. Направивме веќе во скопските општини, сега одиме натаму во тек е мислам Прилеп и Велес и има таму многу прашања, триесетина отприлика атрибути кои ги испитуваме и сега ги прашуваме граѓаните дали сте се обратиле до општината со некакво барање? Педесет проценти се за две работи, градежни дозволи, односно урбанистички прашања и другото е административни, значи некој документ да извадат и така натаму. Веќе следното прашање и дали мислењето за вашата општина, дали е таа корумпирана или не е корумпирана, три спрема еден впечатокот на граѓаните е дека администрацијата, односно услугата која што ја добиле е по корупивен пат. Тоа е проблем кој е напластен наназад со години“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека ако се прашаат граѓаните кој градоначалник е подобар, дали овој кој е сега од ВМРО-ДПМНЕ или претходниот кој бил од СДСМ, два спрема еден е дека сегашниот од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од друга страна, ако вие го поставите прашањето, кој е подобар, дали овој градоначалник или претходниот, два спрема еден е дека овој е подобар“, истакна Мицкоски.
Посочи дека анкетите кои се прават од ВМРО-ДПМНЕ за испитување на јавното мислење се релевантни и истите не се правени врз партиски членови со цел да му се кажуваат работи кои сака да ги слушне и дека тие се направени на респектабилен репрезентативен примерок од илјада испитаници.
„Јас немам намера да правам анкети и јавни мислења кои ќе ми кажуваат работи кои сакам да ги слушнам и на тој начин да имам високо мислење за себе. Сепак сум доволно општествено постигнал во животот за да имам потреба да од некој да ме потапнува по рамото. На крајот од денот од тие политики зависи и иднината на нашата држава. Сега сме и ние некаков стејкхолдер во целата оваа ситуација. Во 50 општини ја имаме власта тоа е сериозна работа. Не е тоа сега да доаѓа некој и да ми кажува басни и розеви работи и јас сега врз основа на тоа да градам политика“, рече Мицкоски.
Имам методологија, додаде Мицкоски, и според таа методологија правиме тие анкети и прилично сериозен примерок е, повеќе од илјада испитаника, државниот примерок е на општинско ниво и мислам дека грешката е прилично мала и можам да кажам со задоволство дека првиот впечаток за овие градоначалници кои што се сега е одличен, бидејќи вие немате втора шанса за втор впечаток, но сеуште е чувството кај граѓаните и перцепцијата дека корупцијата е присутна и тоа треба да го смениме ако сакаме да одиме напред, ако не сакаме да одиме напред, тогаш ќе останеме во ова да тонеме и тоа е тоа. затоа кога ме прашавте со какво ветување ќе дојдам, еве со тоа ветување кој што сега го зборам во вашата емисија, ќе го зборам и во кампањата, ефикасна, дисциплинирана и мотивирана администрација.
Comments are closed for this post.