Од Град Скопје испратија соопштение со кое јавуваат за смртта на вработениот во градската администарција, Зоран Давидоски, кој е еден од загинатите во тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово.
Во соопштението, од Град Скопје истакнуваат длабока тага и изразуваат сочувство со семејството на нивниот починат колега.
Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава.
Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.
Сите вработени во Град Скопје сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател – велат од Град Скопје.
Comments are closed for this post.