Деветнаесетгодишната, Аријана Сефери од Гостивар загина синоќа во сообраќајна несреќа која се случи во италијанското градче Виларота ди Лузсара, објавува Гостиварпрес.мк.
Италијанската полиција извести дека таа патувала во автомобил „фиат брава“ во кој биле нејзиниот пријател од Индија и негов роднина.
Од засега непознати причини возилото се судрило со автомобил „фиат мултипла“ кој доаѓал од спротивен правец. Сефери починала на местото на несреќата, додека двајца државјани на Индија кои биле повредени во несреќата починале во болница.
Comments are closed for this post.