Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на градот.
Скопје, го менуваме од корен! Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив. А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат“, најави Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност за секоја поддршка, за секој скопјанец што во него препознал искреност, посветеност и дела зад зборовите.







Comments are closed for this post.