Ни се случува демографска катастрофа каква што Македонија наназад 100 или 200 години немала. Од Македонија секогаш имало иселување, печалбарство, имавме економска миграција, но ова што го имаме од 2017 година наваму откако дојде оваа влада, нам не ни се случува иселување, туку буквално егзодус, изјави Влатко Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Тема на денот во дневникот на МТВ.
тој истакна дека сите можни индиктатори како и бројот на ученици ни го кажуваат тоа, никогаш не било полошо.
Причините се јасни, имаме катастрофална и најлоша влада во историјата, нема Македонец што не е потиштен. Нема економска катастрофа која не ни се случила, во здравството секогаш имало проблеми, но како на Онкологија ни се нема случено. Докторите немаат основни материјали, нема терапија за дијабетичари ваква катастрофа никогаш немало, изјави Ѓорчев.
Тој посочи дека ако ги гледаме бројките од 2016 кога СДС викаа дека малку се 23000 новородени, до тоа да минатата година имаме 18.000 родени бебиња, односно 5.000 бебиња е паднат бројот.
Ако ја погледнете статистиката од 2016 со 2023 прв квартал, бројот на новородени деца е паднат 40%. Нема земја во светот што има таков пад, рече тој.
Ѓорчев потенцираше дека катастрофата се гледа по образованието, децата немаат учебници, минатата учебна година некои до крај не добија, од компјутер за секое дете сега се молиме за учебници.
Ние немаме доволно доктори, ученици, работници, немаме доволно луѓе да работат во било кој сектор, стануваме територија без население, ова засега се и треба да биде во главните теми. Истовремено претседателот, премиерот и министрите со прст не мрднуваат. Имплодира државата, власта не мрда за главната тема, нема семејство кое не размислува да се исели. Секогаш во Македонија имало повеќе родени од умрени, а сега е обратно. Тоа значи дека имаме антисемејни политики, дека стануваме неуспешна држава, рече Ѓорчев.
Тој нагласи дека ако сакаме Македонија да преживее мораме да ставиме крај на оваа власт која ни ја пустоши државата.
Comments are closed for this post.