Во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје, пред неполн час избувна пожар. Во моментов гори нискостеблеста шума, а стихијата се шири кон повисокиот дел со борови дрвја.
Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, седум противпожарни возила се на терен.
Засега гори нискостеблеста шума, но пожарот се шири кон боровите. Веднаш интервениравме, најпрво со две екипи, а потоа, откако беше побарано засилување, испративме уште пет. Засега не можеме точно да кажеме од што избувнал пожарот, само се обидуваме да го изгаснеме или локализираме, рече Симоновски.
Comments are closed for this post.