Претседателот на СДСМ Зоран Заев во вчерашното интервју на Клик Плус на ТВ 21 изјави дека Македдонија и Бугарија треба да ја дефинираат заедничката историја и како Гоце Делчев и другите историски епохи, а не да се гледа само од една или друга страна.
„Тој договор е успешен договор, тој мора да живее меѓу народите на двете земји Во тие два народи кои се спомнуваат внатре има заедничка историја, таа треба да ја дефинираме и заедничката историја треба да ги негуваме заедничките вредности и на Гоце Делчев и на другите историски епохи, а не само на едната страна или на другата. Верувам дека ќе најдеме договор“ изјави Заев.
Comments are closed for this post.