Софиски „24 часа“ објави текст од извесен г-дин Пенчо Ковачев со наведениот наслов. Текстот го пренесуваме во најголем дел и тоа не заради полемиката во Бугарија, туку поради „моделот“ што на извесен начин се промовира за „поделбата„ на ликот и делото на Гоце Делчев.
Неодамна премиерот Бојко Борисов го спореди Гоце Делчев со Че Гевара и тоа предизвика голема реакција во јавноста. Зборот што ги поврзува двајцата историски мажи е – Револуцијата-иако секој ја подразбира на свој начин. И двајцата живеат и гинат заради неа…
1.Георги Делчев е бугарски револуционер, водач и идеолог на Бугарските македоно-одрински револуционерни комитети, подоцна познати како Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Учителствува во Штип и Банско. Национален херој во Бугарија и Северна Македонија. Во тие години Гоце масовно се користи како прекар за луѓе со името Георги.
Ернесте Че Гевара е аргентински и кубански револуционер, политичар, лекар, дипломат, лидер на партизански движења во Латинска Америка и Африка и еден од водачите на Кубанската револуција. „Че“ го нарекуваат пријателите и соборците за да го подвлечат аргентинското потекло.
2.Гоце Делчев е роден во градот Кукуш, тогаш во Османлиската империја, во 1872 година во семејството на Никола и Султана Делчеви. Во родниот град завршува бугарско унијатско основно училиште и бугарска егзархиска прогимназија. Образованието го продолжува во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде заедно со Даме Груев, Ѓорче Петров и Борис Сарафов создава таен револуционерен комитет. Неговите тројца браќа Милан, Димитар и Христо се исто револуционери.
Ернесто Гевара е роден во Розарио, Аргентина, на 14 јуни 1928 година во имотно арикратско ирско-шпанско семејство. Тој е првото дете на Ернесто Гевара Линч и Селија де ла Серена. По него се раѓаат уште две ќерки и два сина или вкупно пет деца.
3.Во 1891 година Гоце Делчев стапува во Военото училиште во Софија. Учествува во социјалистичкиот кружок и е исклучен еден месец пред да дипломира. Одлучува да се бори за слобода на Македонија при што за создавање на револуционерна организација ја користи веќе изградената образовна мрежа на Бугарската егзархија. есента 1894 година е назначен за учител во Штип каде останува до 1896 година.
Во 1948 година Че Гевара учи медицина на универзитетот во Буенос Ајрес. Извесно време игра рагби во првата лига. на двапати ги прекинува студиите и прави долги патувања низ Централна и Јужна Америка. Во 1951 година работи како пара лекар на танкер. Во 1953 година добива медицинска диплома за дерматолог, но не ја практицира, зашто и се посветува на револуцијата.
4.Во Штип, Гоце Делчев се среќава со Дамјан (Даме) Груев, еден од основачите на Бугарските македоно-одрински револуционерни комитети (БМОРК), и е привлечен во организацијата на која подоцна, практично, и станува раководител. Организира нејзини погранични пунктови во Кочериново, Рила, Ќустендил, Дупница и др. и нелегални канали кон внатрешноста на Македонија. Во летото 1896 година учествува во работата на Солунскиот конгрес на ВМОРО и заедно со Ѓорче Петров ја изработува програмата и уставот на БМОРК.
За време на двете долги патувања Че Гевара е силно импресиониран од ужасната сиромаштија и социјалната неправедност во државите од Латинска Америка. Тие посети, импресии и доживувања го формираат како револуционер и го убедуваат дека единствен начин да им се помогне на тие луѓе е вооружената борба. Во јуни 1955 година, во Мексико, Че Гевара се запознава со Фидел Кастро и брат му Раул. Две недели подоцна, по долги разговори, Фидел му предлага на Че како лекар да се вклучи во нивната борба и Аргентинецот станува член на движењето „26 јули“.
5.Во текот на есента 1896 година, веќе два месеца како учител во Банско, Гоце Делчев создава широка мрежа од комитети во пограничните реони на Разловечко и Горноџумајско, како и во Неврокопско. Потоа станува задграничен претставник на организацијата во Софија. Учествува на заседанијата на Врховниот македоно-одрински комитет. Како главен четнички инспектор и со помош на бугарски офицери го создава четничкиот институт на ВМОРО во Бугарија. Испраќа подготвени војводи и четници во внатрешноста на Македонија, што ќе одигра основна улога во омасовувањето на движењето. Вложува големи напори за снабдување на организацијата со оружје и пари.
Меѓу 20 и 24 јуни 1956 година, Фидел и Раул Кастро и Че Гевара се задржани од мексиканската полиција. При распитот Че Гевара изјавува дека е комунист, дека подготвува револуција на Куба и оти се предвидува вооружена револуционерна борба во цела Латинска Америка. Фидел е ослободен на 24 јуни, но ослободувањето на Че Гевара се покажува потешко поради истечената виза и прокламирањето за комунист. Фидел влегува во тајни преговори со мексиканските власти и на крајот Че е ослободен. На 25 ноември 1956 година, 82 лица го напуштаат Мексико и со јахтата „Гранма“ заминуваат за Куба.
6.Како главен инспектор на четите, Гоце Делчев врши неколку обиколки низ Македонија, Одринска Тракија и Родопите и создава револуционерни окрузи. Во 1897 година го обиколува Мелничко и ги придобива локалните учители за заговорот. Зимата 1900 година извесно време живее во Бургас. Во дворот на Минковиот ан создава фабрикиа за бомби. Во март, придружен од Лазар Маџаров, Делчев ја обиколува Одринска Тракија.
Револуционерниот план на Фидел Кастро започпнува со напад на јахтата „Гранма“, купена на старо од Мексико. Патувањето до Куба трае 7 наместо планираните 5 дена. Кога пристигнуваат на 2 декември 1957 година се пресретнати од војската на Батистута. Поголемиот дел од 82-та партизани се убиени во престрелката или заробени и егзекутирани. Само 20 души успеваат да се спасат и неколку месеци подоцна повторно да се соберат. Ернесто Че Гевара треба брзо да направи избор меѓу неговата медицинска опрема и оружјето, што му го остава негов другар, зашто не може и двете да ги носи. Тој го избира оружјето и на тој начин симболично од лекар станува револуционерен борец. Ранет и минувајќи низ блата и мангорва шума, три дена по првиот судир кај Алегрија де Пио, тој успева да се извлече од обрачот, го создава јадрото на востаничката армија и на планината Сиера Маестра ја започнува партизанската војна.
7.Во 1902 година, Гоце Делчев учествува во изработувањето на новата програма и устав на организацијата. Целта е „привлекување и сплотување на сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување целосна политичка автономија“. Гоце Делчев се уште не е убеден дека организацијата е подготвена да започне вооружено востание. Се спротивставува на донесената во негово отсуство одлука на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание во текот на пролетта истата година. Заедно со Даме Груев и други револуционери успеваат да го одложат објавувањето на востанието за летото 1903 година и договараат и промена на предвидената тактика. Планот за масовно востание се менува во партизанска војна-да се објави главно во планинските и полупланинските реони и во него да земат учество главно вооружени чети.
Фидел Кастро дава интервју за „Њујорк“. Че Гевара не присуствува, но станува свесен за важната улога на печатот во нивната борба. Во меѓувреме, добива алергија од касањето на комарците и по целото тело добива отоци. Залихите привршуваат и духот на борците паѓа. Подоцна, Ернесто тоа вреќе ќе го нарече „најтешките денови на војната“. Гевара станува основен кадар на востаничката армија и со својата компетентност, трпение и дипломатските квалитети ја стекнува довербата на Кастро. Прави фабрики за гранати, гради фурни за леб, организира училишта, ги обучува новите борци со воената тактика. Обезбедува здравствени клиники, па дури и издава весник за да ја информира јавноста. Во јули 1958 година е промовиран во чин команданте (мајор). Единствен друг со таков чин е Фидел Кастро.
8.Во март 1903 година, четата на Гоце Делчев го урива мостот на реката Ангиста на железничката патна линија Солун-Одрин. Во почетокот на мај истата година, на пат на средба со раководители на Серскиот револуционерен округ, четата паѓа во заседа во с.Баница. Потерата на мајор Хусеин Тефиков, соученик на Гоце Делчев од Военото училиште, во текот на ноќта меѓу 3 и 4 мај, го блокира селото. Во престрелката се убиени Гоце Делчев и Димитар Гушчанов, а останатите четници се спасуваат.
Гоце Делчев загинува на 31-годишна возраст, а Че Гевара на 39. Тој учествува во преземањето на Куба и симнувањето од власт на Фулхенсио Батистута. Битката за Санта Клара ја раѓа легендата за Че Гевара. Таа победа му носи репутација на воен гениј, му носи престижни позиции и го засилува неговото влијание во политичкиот живот на Куба во текот на наредните години. На 3 ноември 1966 година, Че Гевара пристигнува во Боливија за да се бори за нејзино ослободување. На 8 октомври 1967 година Че Гевара е заробен. Притоа, ранететиот команданте ќе извика „Не пукајте! Јас сум Че Гевара и вредам многу повеќе жив, отколку мртов“. На 9 октомври, боливијскиот претседател Бариентос издава наредба Гевара да биде убиен. Малку пред егзекуцијата, војник го прашува дали размислува за сопствената бесмртност, а тој ќе одговори „Не, размислувам за бесмртноста на револуцијата“.
9.Гоце Делчев не остави потомство и директни наследници. Ернесто Гевара го продолжи родот со пет деца од два брака-три ќерки и два сина.
Comments are closed for this post.