На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, претседателот на Левица – Димитар Апасиев беше физички нападнат од, како што велат од партијата – бугарски уфрлен шовинист.
Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштија од Левица.
Тие споделуваат и видео од физичкиот напад, на кое може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат „Македонија”.
Comments are closed for this post.