За жал се враќаме во Македонија во ситуацијата во која што институциите воопшто не гледаат проблем. Главната владејачка партија СДСМ и нејзиниот претседател и премиер не гледаат проблем дека имаме избирачки места во кои што имаме 91,95, 96 проценти одзив а во тие села реално 60 проценти од луѓето на избирачкиот список не живеат во Македонија, изјави пратеникот Влатко Ѓорчев од собраниска седница на денешната расправа по предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Анкетна комисија која ќе има задача да ги испита сите нерегуларности и неправилности на референдумското изјаснување.
Според Ѓорчев, со молчење од страна на институциите се создава голем и опасен преседан за во наредниот период да има поголем број на уфрлени ливчиња во избирачките кутии.
Ние зборуваме за 50.000 наполнети ливчиња во Македонија, работа која што сме ја немале во Република Македонија, добри 15 години, смета Ѓорчев.
Пратеникот Ѓорчев додаде дека Едмонд Темелко веќе 3 години се влечи по судови за 200 гласа на луѓе кои што дошле да гласаат во Македонија, додека сега каде што има една огромна бројка од 50.000 а никој ништо не презема.
Имаме по 500 наполнети ливчиња по кутија и никому ништо и сите знаеме дека е така, нагласи тој.
Тој направи споредба со одзивот на парламентарните избори и референдумот на одредени избирачки места, при што нагласи дека на избирачко место 2340 за предвремените парламентарни избори гласале 45 проценти, додека за референдумот гласале дури 81 проценти, нагласувајќи дека од 17 до 19 часот се гласало на секој 11 секунд или 411 граѓани што според него е невозможно.
-Избирачко место 2341 иамме одзив од 91 процент, што мислите за ова!? И ќе зборуваме за европски вредности, за европска агенда? Од 17 до 19 часот гласале 338 луѓе. Почитувани, тоа е невозможно и нема шанса. Повеќе од очигледно е дека кутиите се наполнети, изјави Ѓорчев.
Comments are closed for this post.