Срдечна средба и разговор со државниот сектетар на САД и шеф на Стејт Департментот Мајк Помпео, како и со сенаторот Тед Круз оствари пратеникот и претседателски кандидат во ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
На својот Фејсбук профил, Ѓорчев објаува дека секретарот Помпео е меѓу најблискуте соработници на претседателот на САД Доналд Трамп и дека претходно тој беше конгресмен (2011 – 2017) и одржува блиски контакти со своите колеги од Конгресот на САД.
„Сенаторот Тед Круз лично го познавам повеќе години и се работи за еден од највликателните сенатори. Во 2016 година беше претседателски кандидат, а во 2018 година претседателот Трамп лично се вклучи во неговата кампања за реизбор во Сенатот.
Ова беше 10-ти пат да учествувам на Молитвениот појадок во Вашингтон.
Два пати за време на претседателот Џорџ Буш, пет пати за време на претседателот Барак Обама и сега веќе трет пат за време на претседателот Доналд Трамп. Македонија мора да има пријатели и отворени врати во САД и секаде во светот“, пишува Ѓорчев.
„Светот мора да ја чуе македонската вистина и македонските аргументи. Македонија ќе има подобра позиција со силни пријатели во светот“, пораќува Влатко Ѓорчев од Вашингтон.
Comments are closed for this post.