Се сеќавате на слоганот „Секој ден во 6“. Не беше толку одамна. Потоа на „Нема правда нема мир“, па „ Ајмо звиждаљке“, „Правдата ќе ве стигне“…. итн.
Автор на овие умни мисли беше Шарената револуција“ која се бореше против тогашниот, како што го нарекуваа „режим“.
Во првите редови на барикадите беа Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, кои откако СДСМ дојде на власт беа наградени со пратеничко место.
Тие беа двајца беа најгласни во поддршка за СЈО кое требаше да донесе правда во државата и да придонесе да функционира правниот систем.
Но, по бегството на Сашо Мијалков за кое највиновна е власта како и судот и обвинителството, од нив нема ни трага ни глас.
Засега од поддржувачите на власта во одбрана се јавија единствено Бранко Тричковски и Ненад Јовановиќ, но за нив како што велат подобро е да не ве бранат бидејќи ви прават повеќе штета околку корист.
Сега добиваат поинакво значење зборовите на Заев на една од снимките каде тој им се обраќа со погрдни зборови и оти ќе и е.е мамата.
Тој велеше дека ќе соберел и шарени, и шуто и рогато и после “мамата ќе им ја е.ел” на цела коалиција.
Ја го регистрирав, шарена коалицијата. Се ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све. После мамето ќе им го ебам, сите што ќе влезат кај мене во коалиција-велеше Заев за „Шарените“.
По ова, уште еднаш се потврдува дека „Шарената револуција“ не биле никакви граѓански протести, уште помалку спонтани, туку инструмент во рацете на Заев со единствена цел доаѓање на власт а наградата за водачите беше во вид на пратеничко или директорско столче.
Секому по заслугите.
Comments are closed for this post.