Првоосомнчениот во случајот „Рекет“ денеска повторно е во Обвинителството. Тој имаше можност да ги погледне доказите против него.
Неговиот авокат Сашо Дуковски завчера нагласи дека тие не се бранеле со молчење и дека ќе дадат исказ доколку стигнат, откако ќе направат увид во доказите.
Нормално, при такви околности, значи ние не се браневме со молчење, ниту некогаш ќе се браниме со молчење во оваа постапка. Ќе дадеме исказ. Но, видете ја сега нашата позиција и повредата на правото на одбрана. Во овие 15 дена ние сега треба да ги гледаме, бидејќи истрагата според Обвинителството е завршена со известие, ние треба да ги гледаме доказите па ќе се договориме да дадеме исказ. Тоа е еден правен нонсенс и којшто, еве, затоа велам дека е прецендент и сметам дека не треба да се спроведува во Република Македонија. Така што, денеска не дадовме изјава од разбирливи причини, а тие се едни и единствени затоа што немаме увид во доказите. Од среда од 12 часот па во наредните денови ќе вршиме увид во предметот и ќе дадеме свој исказ, појасни Дуковски.
Comments are closed for this post.