Реномираниот германски новинар Михаел Мартенс, кој 25 години е дописник за FAZ од Балканот, после посетата на Бугарија донесува неколку заклучоци што ќе се случува со бугарско-македонскиот спор.
Како најважен заклучок тој наведува дека Софија нема наскоро да го тргне ветото за Македонија.
Како втор заклучок Мартенс го наведува фактот дека Бугарија како свој аргумент го користи долгогодишното блокирање на Грција за членство на Македонија во НАТО . Според него, голема е веројатноста од предвремени избори во Бугарија.
Мартинс исто така смета дека колку повеќе притисок и се прави на Бугарија толку потврди ќе стануваат позициите на Софија
И можеме најважниот заклучок што го донел германскиот новинар дека спорот меѓу Бугарија и Македонија не е за тоа кој е во право, туку кој е помоќен.
И додека странските медиуми укажуваат на тоа дека Бугарија се однесува од позиција на сила премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, порачуваат дека нема да го коментираат францускиот предлог додека тој не биде усогласен од сите 26 земји членки на ЕУ.
Comments are closed for this post.