Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од
современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република С.Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и
населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави
Република С.Македонија и Република Бугарија.
Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран
Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и
вистинско добрососедство и пријателство.
Ова е решението за Цар Самоил содржано во Протоколот од првиот состанок на Меѓувладината комисија меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како препорака од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.
Останува нејасно, а веројатно никогаш и нема да се разјасни како тоа членовите на заедничката комисија оцениле дека поголемиот дел од современата историска наука ја смета големата средновековна држава на Цар Самоил за Бугарско царство! Зашто, се чини дека на нашите членови на комисијата, кои повеќе настапуваат како партиски измеќари, отколку како вистински експерти и научници, со ваквото решение им било полесно да го прифатат диктатот на бугарската политика над науката.
А, дека е така потврдува мкд.пресс, кој објави карта на Самоиловото царство од 993 до 1018 година, печатена во Историски атлас од 1886 година на германскиот историчар Јохан Густав Дројзен. Во легендата на картата јасно се гледа дека Самоиловото царство на територијата на денешна Република Македонија е именувано како Македонско царство на Словените.
Значи, Македонско и Словенско, а во неговите граници ја нема територијата на Бугарија, туку само на Пиринска Македонија.
Новоформираниот секретаријат за помош на членовите на нашата историска комисија сега можат слободно да го бараат историскиот атлас на Дројзен за да видат сите заедно каква глупост треба да внесат во учебниците на македонските ученици.
Comments are closed for this post.