Борбата против широко распространетата корупција останува да биде само декларативна заложба на власта, велат од ГДУ.
Годишниот извештај за човекови права во Северна Македонија објавен од страна на американскиот Стејт департмент според партијата е потврда дека нема резултати во борбата против корупцијата.
„Кога се работи за овој сериозен проблем, очигледно дека политичарите се силни само на зборови.Притоа Стејт департменот укажува и на ограничената независност на судската власт, но и на поделеноста на медиумити и на заплашување на новинари, политизација на јавната администрација. Овие наводи се навистина загрижувачки. Притоа треба да биде јасно дека врз основа на овие работи ќе се носи и одлука во ЕУ дали ќе се започнат преговори. Имаме уште неколку месеци“, велат од ГДУ.
Од таму додаваат дека мора да се почитуваат правото и правдата, политичарите да ги тргнат рацето од судството и медиумите, во аминистрацијата да се вработуваат кадри врз основа на образование, квалификации и знаење, а не пресудна да биде партиската книшка.
„Предупредуваме дека корупцијата бара радикална борба, а не парцијално дејствување и затоа ја охрабруваме Антикорупциска комисија да не подлегнува на никакви притисоци“, стои во соопштението од ГДУ.
Comments are closed for this post.