ГДУ ја поздравува одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата Заменик- министер за Образование, бидејќи не видел промени во образованието.
И ние не гледаме. Освен што донеле одлуки да затворат неколку основни училишта на македонски јазик и не знаат како да одржат неколку паралелки на албански освен со уредби и наредби, тоа ќе биде сѐ од реформите во образованието! Токму за едно општество! Садула Дураки пак е ѕвездата во старо-новиот кабинет на премиерот Заев. Со полни гради, свеж и еколошки освестен, ќе ја има честа да оживее ново, современо и преку потребно министерство – како и да се вика! Урбаната мафија во земјава – што и да значи овој одамна одомаќинет израз- ќе ја продолжи плодната соработка со министерот Сугаревски и разните органи во состав на Министерството кое е целосно ненадлежно за дивоградби од секаков вид и тип!“, стои во партиската реакција по повод владината реконструкција.
Укажувајќи на оние кои останаа во Владиниот кабинет од таму додаваат:
На Министерката за војна, веројатно и е потребен телескоп, затоа што ништо не и се гледа од Криволак, веројатно очекува да биде назначена за почесен амбасадор на УНЕСКО!
Конечно, сето ова не би било можно без нашиот Лорд Протектор, нашиот премиер, нашиот министер за финансии, борец, соборец на Дудуш, исповедник на Мукоски и благ но строг кон Канчевска, претседателот на СДСМ Зоран Заев. Се среди премиерот Заев во државата, животот дојде, плата од 500 евра, реформи спроведени, па останаа уште финасиите. Какво мајтапење е ова со граѓаните? Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција. Реконструкција за класична концентрација на моќ. Човекот за кој во биографијата стои дека е скромен, вреден, популарен отворен и храбар, освен премиер ќе ни биде и министер за финасии. А пак Тевдовски човекот кој од Македонија ќе правеше Данска, ќе му стане советник на премиерот и министерот. Лекар ќе ја води културата, финансиски советник екологијата, а проблематичниот инженер Садула Дураку кој не се занимава со граѓаните, доби награда. Ќе го води новото министерство за политички ситем чија улога ќе биде вдомување на партиски кадри. Колку импресивна понуда, исто како биографијата на новиот министер за финасии. Метлата не замете, туку ги стави под тепих работите. Во Кабинетот на Заев му останаа местачите на тендери, оние кои потпишуваат договори во четири очи, функционери кои имаат афери со непотизам, министри и советници неработници“, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.