Не сум слушнал дека претседателот на Собранието, Африм Гаши изјавил дека негова татковина е Косово, но ако е така треба да им се извини на граѓаните, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски најпрво одговори дека не слушнал и не прочитал таква изјава.
Откако му беше кажано дека тоа го изјавил за Радио телевизија Косово, Мицкоски одговори дека во разговорите со него Гаши лично кажал дека тоа е Македонија.
„Но ако тоа го изјавил тој треба час поскоро да се извини затоа што тој живее овде и овде зема плата од граѓаните, од Македонци, Албанци, Турци, Срби и од сите“, рече Мицкоски
Comments are closed for this post.