Словенецот Ларис Гајсер од весникот „Ла Верита“, човекот кој ги објави снимките за случајот „Рекет“, денеска во интервјуто за италијанското радио „Каподистрија“ направи анализа на случувањата и на реакциите од народната и политичка јавност во Македонија, но и од странските амбасади и ЕУ по откривањето на деталите околу аферата.
Гајсер се задржва на изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан, кој побара расветлување на случајот, но и на изјавата на амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Брнс, којашто порача дека станува збор за сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, односно дека е време земјава да покаже дека е посветена на заложбата за владеење на правото.
Заев е дел од проблемот и не може да ја претставува државата пред меѓународните фактори, оценува Гајсер.
За Гајсер индикативно дека во Македонија има исполитизирано судство е и постапката и на шведската влада која одби екстрадиција на македонски државјанин, уапсен во Шведска по потерница од Интерпол заради вмешаност во настаните од 24 април, со образложение дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.
Гајсер се повика и на изјавата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во која тој го повикува Заев да се повлече од премиерската функција.
Во целава ситуација единствено молчат Федерика Могерини, којашто ја поддржуваше Катица Јанева, и премиерот Зоран Заев, заклучува Гајсер, оценувајќи дека некои од Меѓународните претставници не сакаат да ја видат корупцијата во Македонија.
Во интервјуто за „Каподистрија“, Гајсер зборува и за обраќањето на претседателот Стево Пендаровски, коешто го оценува како позитивно, иако, како што рече, во почетокот стравувал дека тој би можело да заземе политичка страна.
Во своето интервју Гајсер се огради од шпекулациите во јавноста дека е продолжена рака на Орбан и на Салвини, нагласувајќи дека тој само ги изнесува на виделина фактите до кои дошол после повеќегодишна работа.
Сигурен сум дека Заев е на крајот од кариерата, вели Гајсер изразувајќи очекување дека парламентот и претседателот на државата ќе се освестат и ќе го разрешат премиерот.
Comments are closed for this post.