Нова аудио бомба објавена на твитер, преку јутјуб канал, каде се пишува дека е гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова која важи за многу блиска до Зоран Заев, како бара 6 милиони евра за бизнисмен да биде пуштен на слобода.

Дајте 6 милиони еврa и ќе ја завршиме работа, вели Васил Димишков.

Васил Димишков во разговорот со непознато лице вели дека ќе проба да ја намали сумата иако таа е голема.

Тие ми рекоа (Вице Заев директно и Зоран Заев) ама јас треба уште еднаш да разговарам, ќе им ја намалам нешто тие многу забегаа не очекував толку многу да побараат.

Ова аудио бомба се поклопува со сведочењето на Ана Камчева во случајот Рекет каде посочи уште тогаш дека Камчев бил рекетиран за 6 милиони евра од Димишков.

Таа рече дека Димишков знаел дека за нејзиниот сопруг ќе има кривичен прогон и дека треба да соработува со него, бидејќи, ќе помине полесно.

Ми рече дека сестра му Весна Димишкова е во блиски односи со обвинителката Лиле Стефанова…, кажа сопругата на Камчев. За слободата на Камчев, требало да исплатат 2, 4 или 6 милиони евра зависно од ситуацијата. Рече дека сумата е голема зашто предметот е специфичен и треба со таа сума да се пензионира сестра му. Бев вознемирена и плачев, но и изненадена што не ја знаеше крајната цена за “Рекет”, кажа Камчева.

Весна Димишкова е и судијката која го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно одработена политичка нарачка. Ова аудио бомба доаѓа ден по признанието на Бојан Јовановски осуден за случајот „Рекет“ дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви.