Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен доаѓа во Скопје до крајот на месецот, потврди премиерот Димитар Ковачевски.
Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Македонија до крајот на месецов, а претседателот Макрон неколку пати изрази желба, и тоа јавна, за тоа во некоја прилика да ја посети земјава, рече Ковачевски, кој беше во посета нa компанијата „Вивакс“.
Одговарајќи на новинарско прашање пак за ставот на Франција во однос на Унијата, Ковачевски рече дека во овој геополитички момент во Европа, Франција е за проширување на Унијата.
Comments are closed for this post.