Во Градската болница со повреди на раката и вратот завршила новинарката од Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, кога во еден момент дошло до влечење и туркање во центарот на Скопје, каде новинарски екипи известувале за одбележувањето на верскиот празник Водици.
Мирчевска-Јовановиќ, како што објави Канал 5, од страна на вработените во агенцијата за обезбедување „Никоб“ била истуркана, навредувана и влечена, поради што завршила во градската болница со повреди на раката и вратот.
Канал 5 најави дека ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата.
Comments are closed for this post.